Slider_Mob

ЗА САМИТОТ

FMCG-индустријата мора да се подготви за промени. Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата, големите бази на податоци и креативноста влијаат на процесите на работење? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот и да се употреби за зголемување на продажбата? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот? Кои се потенцијалите на индустријата и кои потрошувачки трендови ќе ја обликуваат иднината на FMCG-индустријата?

Магазинот InStore, кој веќе седма година е основен информатор и едукатор во рамките на FMCG-секторот во Македонија и во регионот, годинава по четврти пат го организира настанот на годината – FMCG Summit Скопје 2018, каде што ќе се отворат токму овие прашања.

Благодарение на концептот, темите и реномираните говорници, FMCG самитот од година во година прераснува во сè посилен деловен настан, кој на едно место ги собира професионалците од голем број компании од FMCG-секторот во Македонија. Нашите цели се: размена на искуства и практики, инспирација и мотивација за унапредување на работењето, како и остварување и зацврстување на деловните контакти.

Годинава, FMCG Summit Скопје 2018 се одржува на 17 мај, на истата локација, во хотелот „Александар Палас“. Бидете таму!

Во организација на:

ГОВОРНИЦИ

Од најеминентните имиња меѓу колумнистите, клиентите и соработниците на магазинот InStore во целиот регион, на FMCG Summit Скопје 2018 ќе можете да ги слушнете:

  • Enver Maliki

    Енвер Малиќи

    Сопственик на „Гемак трејд“

    Остварен претприемач и бизнисмен, кој го основал семејниот бизнис пред повеќе од 30 години, почнувајќи од нула. Со текот на годините, стекнал големо искуство во различни индустрии, како што се трговијата и дистрибуцијата, телекомуникациите, недвижностите и угостителството во земјава и во странство (Косово и Албанија). Малиќи е сопственик и член на бордот на директори на „Парк хотел & спа“ (хотел со 5 ѕвезди), како и сопственик на неколку угостителски објекти (ресторани, кафе-барови, дискотеки и сл.). Сопственик е и член на бордот на директори на фирмата „Гекос“ – Косово (отворена во 2001 година), сестринска компанија на „Гемак трејд“, со која во земјава успешно управува од 1991 година. Во моментов, тој е и член на советот на Град Скопје, овластен да го заменува Градоналникот, престижен член на многу деловни комори и здруженија, филантроп и грижлив маж, татко и дедо. Освен што е покровител на целиот семеен бизнис на семејството Малиќи, тој исто така е мотивационен лидер на повеќе од 300 вработени, кои во моментов работат во неговата мрежа на компании.

  • Milan Radivojevic

    Милан Радивојевиќ

    Директор за стратегија и бизнис-развој во „Нелт група“

    Радивојевиќ е роден во 1970 година во Крушевац. Има диплома од Економскиот факултет на Универзитетот во Белград, како и од студиите ЕМБА на Универзитетот во Кардиф, Велика Британија. Бизнис-кариерата ја почна во корпорацијата „Трајал“ во секторот за надворешна трговија. Во 1997 година преминува во компанијата „Проктер & Гембл“, во која работи на позицијата КА-менаџер на територијата на Србија и на Бугарија. Продолжува во „Јапан тобако интернационал“ (ЈТИ) како менаџер за продажба за Србија и за Црна Гора, а од 2006 година ја презема функцијата регионален директор за продажба, трејд-маркетинг и логистика за регионот на поранешна Југославија и Албанија. За време на работата во ЈТИ, ги отвори пазарите на Македонија, БиХ, Албанија и Хрватска. Од 2010 година работи во групацијата „Нелт“, најпрвин како директор за продажба, а подоцна како директор за стратешко планирање и развој на бизнисот, за проширување на работата преку воспоставување на соработка со нови принципали, отворање на нови платформи за продажба и отворање на нови пазари. Основниот фокус во стратешкото планирање е развој на процесите, воведување и имплементација на системот Balanced Scorecard и воспоставување на стратешки мапи низ целата организација и на сите пазари.

  • Jelica Ivanovska

    Јелица Ивановска

    Консултант за организациски развој

    Бизнис-професионалец со 16 години искуство во областа на генералниот менаџмент, управувањето со човечки ресурси и организацискиот развој во големи мултинационални компании за производство и за продажба. По образование е дипломиран економист по менаџмент на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а посетувала и специјалистички студии од областа на гешталт психотерапија на институтот Гешталт во Скопје. Кариерата ја градела во големи компании како: „Вистеон електроникс“, „Џонсон контролс“, „Сеавус“, „Сокомак Битола“, „Пивара Скопје“, „Пристоп Мк“ и др. Нејзината експертиза се однесува на организацискиот развој, поставувањето на гринфилд-операциите на македонскиот пазар, дефинирањето и спроведувањето на деловната стратегија, познавањето на процесот на деловни интеграции и аквизиции, познавањето на водечките административни и менаџментски функции за управување на компанијата, процесите на реорганизација и реструктурализација на компаниите, заштеди во различни области, а поседува и вродени способности за идентификација и имплементација на алатките и методите што го поддржуваат успешниот развој на компаниската култура.

  • Miograd

    Миодраг Боројевиќ

    Извршен директор на рускиот трговски синџир „О’кеј“

    Човек со дваесетгодишно искуство во трговијата со FMCG. На крајот на 90-те почнува со работа во хрватскиот синџир „Гетро“, а од 2002 година, со влегувањето на „Кауфланд“ на хрватскиот пазар, се придружува кон неговиот тим. Најпрво му бил доверен развојот на „Кауфланд“ во регионот на Славонија, а потоа и на целата територија на Хрватска. Во 2005 година станува одговорен за проширување кон нови пазари. Следните три години ја поставува структурата на „Кауфланд“ во Романија и работи на проширување во Бугарија. По 12 години во „Кауфланд“ заминува во Италија, каде што работи за компанијата „Реве“, во делот намаркетите „Пени“, каде преокупација му било работењето на платформата за продажба на овошје и зеленчук за цела Европа, проектот за производство на приватни трговски марки, како и мрежата од околу 400 продажни места на територијата на цела Италија. Од 1 мај 2017 година е извршен директор и претседател на Управниот одбор на рускиот трговски синџир „О’кеј“, каде предводи промени во структурата на трговецот. Промените опфаќаат излегување од форматот на супермаркетите, ставање акцент на хипермаркетите„О’кеј“ и дисконтните продавници „ДА!“ и почнување старт-ап проект за мали дисконтни продавници.

  • Marijana Agikj Molnar

    Маријана Агиќ Молнар

    Генерален директор на GfK - Србија

    Од 2002 година раководи со компанијата ГфК во Србија, a од 2013 година со Јадранскиот Регион. Пред тоа работела во „Кока кола компани“ и била партнер во истражувачка стартап-компанија. Глобалниот одбор на ГфК ја има избрано за член на Exellence-тимот на ГфК. Стипендистка е на Британската индустриска конфедерација и на британскиот „Know How Fund“ во образовната програма на JICAP. Образование: Мастер студии по економија (маркетинг) на Економскиот факултет на Белградскиот универзитет и МБА студии на Интернационалниот факултет на Универзитетот Шефилд. Предавач е на Мокрогорската школа за менаџмент, на институтот „Фаундерс“ и на „AkademIAA“. Член е на професионалните здруженија IAA (член на Управниот одбор на здружението) и „Есомар“. Наградена е од страна на „Кока кола компани“ за: Strategic consumer insights.

  • Petar

    Петар Медаревиќ

    Директор на One Stop Marketing

    Петар Медаревиќ, дипломирал маркетинг на Економскиот факултет на Универзитетот во Белрад. Во декември 2014 година, заедно со своите партнери, ја основа ITмаркетинг-агенцијата „One Stop Marketing“ и оттогаш ја раководи како нејзин директор. Агенцијата моментално има 8 вработени и е специјализирана за програми за лојалност и обработка на податоци собрани преку картичките од лојалните програми. Услугите ги нудат по принципот „Loyaltyas a Service“и ги покриваат сите сегменти, од дизајн на картичката и бонитетната шема, преку процесирање на податоците, до развој на алатки за дигитален маркетинг.

  • Dzordz Angelakis

    Џорџ Ангелакис

    Cениор консултант на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР)

    Менаџер со исклучителни вештини, со повеќе од 35 години искуство во FMCG-индустријата. Професионалната кариера ја почнува во 1981 година како асистент на генералниот менаџер за операциите на „Hellenic Bottling Company“. Во 1986 година е назначен за CEO на „Rhodes Beverage Company“, подружница на HBC, каде поттикнал и реализирал капитален инвестициски проект од 12 милиони евра за нов огранок. Во 2006 година основа компанија за консалтинг, која се занимава со реструктурирање на компаниите од FMCG-секторот. Како сениор консултант учествувал во бизнис-проекти со широк опсег на области, како што се стратешки менаџмент, системи за менаџирање, структурирање на менаџерските тимови, реструктурирање на системите за продажба и дистрибуција и организација, маркетинг, логистика и MIS-системи. Има советувано компании од FMCG-индустријата во Грција, Албанија, Македонија, Косово, Хрватска, БИХ, Русија, Египет, Грузија, Азербејџан, Казахстан и Киргистан. Голем дел од неговите проекти се во рамки на Програмата за деловно советување на Европската банка за обнова и развој наменети за мали и средни претпријатија.

  • Никола Мизо

    Директор на Центарот за профит во Алкалоид

    Никола Мизо дипломирал на Американскиот универзитет во Бугарија, а магистрирал на Универзитетот Хјурон во САД на отсекот за Менаџмент и финансии. Во својата професионална кариера работел како директор, па потоа и како менаџер за советодавни услуги во „PricewaterhouseCoopers“, а во 2006 година се придружува на тимот на најголемата македонска фармацевтска компанија, во секторот за корпоративен развој. Во 2007 година преминува на челната позиција на Центарот за профит за хемикалии, козметика и билкарство на „Алкалоид“,и веќе 11 години е прв човек на FMCG-сегментот во компанијата.

  • Ивица Соколовски

    Менаџер за истражувања во „Ипсос“ - Македонија

    Соколовски е член на тимот на „Ипсос“ уште од првиот ден на постоењето на овој глобален истражувачки бренд во Македонија и регионот, во 2008 година. Тој е одговорен за дизајн и методологија на FMCG-истражувања, со фокус на квантитативните истражувања. Низ 10 годишното искуство, работејќи на повеќе од стотина истражувачки проекти, стекнува голема експертиза и широко искуство за раст и развој на трговските марки, во сите FMCG категории. Своите професионални капацитети и интереси ги продлабочува и проширува во рамките на интерните и интензивни маркетинг-школи на „Ипсос“, но и во рамките на формалните академски курикулуми. Во текот на својата работа, со своите клиенти имал безброј можности да спроведува стандардни истражувачки методологии, но секогаш го интересирале нови и иновативни начини на анализирање и интерпретација на резултатите. Соколовски е одличен познавач на домашните потрошувачи, а регионалната поврзаност на „Ипсос“ му овозможува одлична упатеност во пазарните состојби на другите пазари во регионот. Член е на ESOMAR, а е голем поддржувач на идејата за здружување на истражувачите и истражувачките агенции во национално истражувачко здружение.

  • Darko_Lukic

    Дарко Лукиќ

    Консултант за маркетинг, АММС

    Вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години искуство во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години работно искуство во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG (ING Bank, Nestle Adriatic, Henkel CEE HQ Austria, Henkel Srbija). Од 2007 до 2015 година на позицијата регионален директор за маркетинг за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија во компанијата Хенкел – Србија. Портфолио: Persil, Merix, Perwoll, Silan, Bref, Mer, Somat. Потоа на позицијата регионален извршен директор на агенцијата Фирма: FCB Afirma d.o.o. Beograd. Клиенти: Beiersdorf, Mondellez, Telenor, Whirlpool, Lesaffre, IKEA. Територија: регионот на поранешна Југославија и Албанија. Моментално работи како консултант за маркетинг за водечки српски компании и невладини организации во Агенцијата за менаџмент и маркетинг консалтинг, што ја има основано самиот. Клиенти: UNICEF, Yuhor, Mioni, Fun&Fit, Danubius, Nectar Grupa. Територија: Србија.

ПРОГРАМА

Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата, големите бази на податоци и креативноста влијаат на процесите на работење? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот и да се употреби за зголемување на продажбата? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот? Кои се потенцијалите на индустријата и кои потрошувачки трендови ќе ја обликуваат иднината на FMCG-индустријата?

  • 08:00 - 08:45

    Регистрација на учесниците

  • 08:45 - 08:55

    Воведен говор

    Verica

    Верица Мартиновска, InStore - Македонија

  • 08:55 - 09:00

    Обраќање од програмскиот поддржувач

    Маја Антеска

    Маја Антеска, главен менаџер за советодавни услуги од ЕБОР

  • 09:00 - 09:25

    Инспирација

    Enver Maliki

    Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак трејд“

  • 09:30 - 09:55

    Моделот на стратешки мапи и „balanced scorecard“ како алатка за спроведување на долгорочната стратегија

    Многу компании имаат добри стратегии, но колку од нив успеваат да ги применат успешно, со оглед на тоа што најголемиот предизвик доаѓа од процесот на имплементација и комуникација на стратегијата во рамки на организацијата? Во насока на решавање на тој проблем, американските професори Роберт Каплан и ДејвидНортон дошле до моделот на стратешки мапи и „balanced scorecard“, кој значајно придонесува за комуникација и за спроведување на стратегијата. На глобално ниво, голем број компании го користат овој пристап, а на овие простории групацијата „Нелт група“ е пионер на тоа поле.

    Milan Radivojevic

    Милан Радивојевиќ, директор за стратегија и бизнис-развој во „Нелт група“

  • 10:00 - 10:25

    Принципот на Оз или постигнување резултати преку индивидуална и организациска одговорност (според книгата на Roger Connors, Tom Smith и Craig Hickman)

    Како тимовите и индивидуалците можат да ги подобрат своите резултати, менувајќи ја културата на однесување во рамки на компанијата и препознавајќи и одбивајќи да бидат жртви на околностите? Кои се чекорите во процесот на преземање одговорност, прикажани преку ликовите од приказната за Волшебникот од Оз.

    Jelica_ivanovska

    Јелица Ивановска, консултант за организациски развој

  • 10:30 - 10:50

    Пауза за кафе

  • 10:50 - 11:35

    Рускиот пазар како огромен извозен потенцијал

    Како изгледа рускиот малопродажен пазар виден со очите на еден човек од регионот? Преглед на пазарот и на можностите за пласман на домашните и регионалните брендови во Русија. Кои се слабостите на нашите произведувачи на рускиот пазар, а кои нивните потенцијали? Во која насока ќе се развива пазарот во Русија во блиска иднина?

    Миодраг Боројевиќ

    Миодраг Боројевиќ, Извршен директор на О'кеј

  • 11:40 - 12:05

    Користете ги мудро вашите податоци

    Добата на четвртата индустриска револуција која со себе ги носи автоматизацијата, интернетот на нештата (IoT) и вештачката интелигенција, веќе почна. Нус производ (а можеби и причина) на тие промени се податоците што секоја компанија ги собира. Како тоа ги менува нашите бизнис-модели и каде можеме да најдеме нови шанси за пораст?

    Marijana Agikj Molnar

    Маријана Агиќ Молнар, генерален директор на GfK - Србија

  • 12:10 - 12:30

    Пауза за кафе

  • 12:30 - 12:55

    Програмата за лојалност во служба на трговскиот синџир, потрошувачот и доставувачот (case study: Gomex)

    Кои се модалитетите на користењето на податоците собрани преку програмата за лојалност за оптимизација на деловните процеси, персонализиран дигитален маркетинг и зајакнување на аналитичките потенцијали? Како да се генерира win-win-win ситуација во која додадена вредност ќе добијат и потрошувачот, и трговецот, и снабдувачот, врз база на податоците генерирани преку програмата за лојалност? Какви сè можности има за иновативни решенија за унапредување на продажбата со вкрстување на бенефитите од програмата за лојалност и современите информатички технологии? Трошоците за една лојална програма и можноста за комерцијализација преку развој на B2B решенија.

    Petar Medarevik

    Петар Медаревиќ, директор на One Stop Marketing

  • 13:00 - 13:25

    Најдобрите менаџмент-практики во FMCG-индустријата

    Драстичното зголемување на конкуренцијата на FMCG-пазарот, промените во начинот на кој се тргува во светот, нестабилноста на пазарот како резултат на повеќе фактори, како што се технолошките промени, но и оние кои за жал не се директно поврзани со економски причини – сето тоа придонесе, односно креираше нова средина на уште позасилена конкуренција во која FMCG-компаниите мораат да работат. Работите денес се движат уште побрзо! Кои се најдобрите менаџмент-практики кои FMCG-компаниите треба да ги имплементираат за да преживеат во овие услови?

    George Angelakis

    Џорџ Ангелакис, сениор консултант на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР)

  • 13:25 - 14:25

    Ручек

  • 14:25 - 14:50

    Раст и зголемување на продажбата – без оглед на сè!

    Кои се клучните фактори што влијаат на продажбата на домашниот и на извозните пазари денес, во ерата на дигитализацијата и глобализацијата? Како да се одржува континуитет на пораст и како компанијата да се приспособува на новите барања на пазарот/пазарите? Како му успева тоа на „Алкалоид“?

    Никола Мизо

    Никола Мизо, Директор на Центарот за профит за хемикалии, козметика и ботаника

  • 14:55 - 15:20

    Аналогно одиме кон дигитално

    Колку потрошувачите пазаруваат онлајн, а колку производителите и малопродажните трговци го нудат онлајн-пазарувањето како опција? Какви се трендовите и искуствата во светот, во регионот и кај нас? Дали имаме разминување на понудата и побарувачката и кои се предизвиците на дигитализацијата пред кои се исправени производителите и трговските синџири?

    Ivica Sokolovski

    Ивица Соколовски, менаџер за истражувања во „Ипсос“ - Македонија

  • 15:25 - 15:50

    Дали FMCG-индустријата е следната жртва на дигитализацијата?

    FMCG индустријата денес се соочува со стварност во која од една страна се реализираат потенцијалите и промените што ги носи интернетот на нештата (IoT), виртуелната реалност, вештачката интелигенција, роботиката, новите начини на дистрибуција... а од друга страна го имаме брзорастечкиот притисок и сè поголемото значење на PL во животите на потрошувачите. Во таква ситуација, FMCG брендовите би можеле да ги изгубат традиционалните канали на дистрибуција и потрошувачите. Што да се направи за да се подготват за надоаѓачките промени и како да избегнете да станете жртва на дигиталниот ураган? Кои се најголемите предизвици на FMCG брендовите денес?

    Darko_Lukic

    Дарко Лукиќ, консултант за маркетинг, АММС

СПОНЗОРИ

КОТИЗАЦИИ

Резервирајте го 17 мај во вашите деловни календари за настанот на годината и заедно со вашите колеги, пријавете се за учество на FMCG Summit Скопје 2018!

РЕДОВНА ЦЕНА

165* ПРИЈАВИ СЕ

2-3 УЧЕСНИЦИ

145* ПРИЈАВИ СЕ

4-6 УЧЕСНИЦИ

125* ПРИЈАВИ СЕ

7+ УЧЕСНИЦИ

115* ПРИЈАВИ СЕ

* Цените се без вклучен ДДВ

КОНТАКТ

ГОЛЕМА КОНФЕРЕНЦИСКА САЛА

Хотел „Александар Палас“

бул. 8 Септември, бр. 15, Скопје

+389 2 3067 572

Магазин InStore (ДРП „Кликер маркетинг“)